Достапни линкови

Белгија бара Грција да екстрадира осомничен терорист


Белгиското обвинителство бара екстрадиција на лице кое беше уапсено во Грција под сомневање дека било поврзано со исламската екстремистичка ќелија која во минатата недела беше растурена од белгиската полиција. Грчките антитерористички сили извршија неколку рации во Атина при што уапсија најмалку четири лица. Се верува дека едно од нив било поврзано со белгиските екстремисти од кои двајца беа убиени од полицијата во Вервие.

XS
SM
MD
LG