Достапни линкови

Свои на своето или кираџии во сопстениот двор?


Станарите во станбените згради не знаат зошто треба да го откупуваат земјиштето под зградата кога имаат имотни листови, но ако не го сторат тоа ќе плаќаат кирија за земјиштето.

Граѓаните остануваат збунети со недоволно разјаснети прашања за владиниот проект за откуп на земјиште кој ги вклучува и станбените згради и токму од таму станарите не знаат зошто треба да го откупуваат земјиштето под зградата кога имаат имотни листови. За нелогичностите на ова решение зборува и искуството на еден граѓанин кој вели дека дал пари и за откуп на дел од површина пред зградата, а веднаш потоа просторот бил узурпиран во паркинг простор. Тој во шега прашува дали му следи и по едно евро од паркиран автомобил.

Во Центар живеам, го платив местото со законот, меѓутоа мене Општина Центар под пенџере ми го узурпира моето место, што сум го платил, сега не можам да си паркирам кола.

„Во Центар живеам, го платив местото со законот, меѓутоа мене Општина Центар под пенџере ми го узурпира моето место, што сум го платил, сега не можам да си паркирам кола или општината зема данок за тоа што направи паркинг плац и сега тоа ме оптоварува оти ми се паркираат коли под пенџере, јас живеам на приземје“, вели анкетиран граѓанин.

Економистите велат дека проектот со откупот на земјиштето е веќе завршена работа и оти времето не може да се врати назад, но оти може да се бара минимизирање на давачките до симболична сума која дополнително нема да го оптоварува буџетот на граѓаните.

Има многу апсурдни давачи во оваа држава, апсурдно е нешто што го купил, што еднаш го платил земјиштето, заради некои незавршени управни работи во трансформацијата, сега повторно да го плаќа, но сепак сметам дека што побргу треба да заврши.

На граѓаните кои не ја откупиле вертикалата на станот на земјиштето каде се наоѓа станот треба да им се излезе во пресрет, вели економскиот аналитичар Слободан Најдовски. Според него власта притиска да се заврши трансформацијата, не од аспект да заврши овој процес, туку повеќе од аспект да се соберат пари во буџетот. Тој оценува дека и понатаму ќе има пречки, бидејќи во колективните згради тешко ќе се постигне таа согласност меѓу станарите

„Има многу апсурдни давачи во оваа држава, апсурдно е нешто што го купил, што еднаш го платил земјиштето, заради некои незавршени управни работи во трансформацијата, сега повторно да го плаќа, но сепак сметам дека што побргу треба да заврши, а цената да биде намалена и од ова што е сега едно евро и да биде симболична, за да не биде главната цел полнење на буџетот, туку трансформација на сопственоста на земјиштето и граѓаните конечно да станат сопственици на оној дел којшто го поседуваат“, вели аналитичарот Слободан Најдовски.

Рокот за поднесување барање за приватизација на дворните места по цена од едно евро за метар квадратен заврши на 15 декември. Сите кои немаат поднесено барање за приватизација до овој рок треба да бидат обврзани да плаќаат кирија за земјиштето.

Овие закони ги има и во други држави, но за тамошните граѓани се незабележителен трошок, но не и за нас. земја која подолго време се бори со невработеноста и нискиот стандард, велат дел од граѓаните.

„Реално не само со тоа, мислам дека со сè се оптоварува буџетот на семејството. Откупување на земјиштето за двор, или за плац или за што било, тоа е работи коишто се неопходни, меѓутоа не секој може да си го дозволи тоа.“

„Секој сака да си го има тоа што му е во сопственост, но сега прашање е начинот на купување и висината на средствата за откупување на земјиштето.“

Економистот Биљал Касами смета дека оваа обврска како да е инспирирана од амбицијата на владата за полнење на буџетот и додава дека секоја нова идеја како да се земат пари од граѓаните е добредојдена.

„Во овој правец за брзо време ќе имаме ситуација во која владата ќе ни понуди во планините да купуваме дел, зошто и така во Скопје и во Тетово нема чист воздух, ќе ни понуди да одиме во планина ако ни треба чист воздух.“

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG