Достапни линкови

Индонезија:Егзекутирани шест лица осудени за трговија со дрога


Индонезија егзекутираше шест луѓе осудени за дела поврзани со наркотици. Ова е прва егзекуција од кога е на власт претседателот Јоко Видодо. Петмината странци и едната Индонезијка беа убиени денеска со стрелање. Четворицата мажи од Бразил, Малави, Нигерија и Холандија и едната жена од Индонезија беа убиени истовремено во близина на силно обезбедениот затвор на островот Нусакамбанган. Една жена од Виетнам беше стрелана во Бојолали. Претседателот Видодо ги одби барањата за помилување од бразилската претседателка Дилма Русеф и од холандските власти. Бразил и Холандија ги отповикаа своите амбасадори од Индонезија по вестите за егзекуцијата.

XS
SM
MD
LG