Достапни линкови

logo-print

Студентскиот и професорскиот пленум со поддршка за протестот за Кежаровски


Студентскиот пленум денеска преку соопштение на својата официјална Фејсбук страница објави поддршка за протестот против затворската пресуда за новинарот Томислав Кежаровски што е закажан за во вторник.

“ Неутралноста му помага на угнетувачот, никогаш на угнетуваниот. Молкот го охрабрува мачителот, никогаш мачениот. Граѓани, заземајте страни! Студентски пленум го поддржува протестот против пресудата за новинарот Кежаровски. Во држава што си ги затвора новинарите не можеме да очекуваме слободни и непристасни медиуми и медиуми што ќе известуваат за студентскиот марш. Ајде на улица!”напишаа студентите.

Претходно и Професорскиот пленум до организаторите на протестот Здружението на новинари, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работни и Иницијативниот одбор за ослободување на Кежаровски упати поддршка наведувајќи дека заробувањето на новинарот значи заробување на вистината, слободата на говорот, а со тоа и слободата на право на различно мислење.

“Водењето на судската постапка и итното приведување на Кежаровски е јасна порака за неговите колеги новинари, но и за секој од нас кој се осмелува гласно да проговори. Не сакаме да бидеме неми сведоци на кршењето на демократските слободи, диригирано судство и беспредметни казни, во држава каде од новинарите се бара да се претворат во илузионисти“,напишаа од Професорски пленум.

Со реакција се јави и невладината организација Транспаретност Македонија од каде што најостро го осудија апсењето на новинарот додавајќи дека сметаат оти целиот судски процес против него бил дел од опасната и како што пишуваат недемократската политика на Владата.

“ Предупредуваме дека неуспесите во владеењето ескалираат со примена на сила во селектираните случаи кон новинарите, со цел да се зголеми нивото на страв во новинарската професија и генерално, во општеството. Затоа, ги повикуваме граѓаните на РМ да дадат поддршка за негово ослободување”наведоа од Транспаретност Македонија.

XS
SM
MD
LG