Достапни линкови

Порошенко повика на преземање на контролата во источна Украина


Украинскиот претседател Петро Порошенко рече дека Киев повторно ќе воспостави контрола врз источниот дел од земјата каде што викендов се интензивираа борбите меѓу владините сили и проруските сепаратисти. На неколку илјадниот марш за мир во Киев што се одржа денеска Порошенко рече дека нема да дадат ниту инч од нивната земја на сепаратистите. Во меѓувреме воениот портпарол Андриј Лусенко рече дека украинската војска преземала голема операција во текот на ноќта и ја преземала речиси целата територија на аеродромот во Донетск. Локалното население јавува дека има интензивни гранатирања вклучително и во централните делови на градот. Четири украински војници се убиени, а 32 се повредени во последните 24 часа.

XS
SM
MD
LG