Достапни линкови

Тројца полицајци загинаа во Авганистан


Авганистанските власти соопштија дека најмалку тројца полицајци загинале, а десет се повредени кога автомобил бомба удрил во нивниот конвој во јужен Авганистан. Полицискиот портпарол рече дека бомбашот самоубиец влегол во полицискиот конвој во близина на областа Гришк денеска. Нема цивилни жртви во нападот. Во меѓувреме бомба прикачена на цивилна кола експлодира во Кандахар при што двајца цивили се повредени. Никој засега не ја презема одговорноста за нападите.

XS
SM
MD
LG