Достапни линкови

Грабар Китаровиќ побара од ОН итна пресуда за Шешељ


Новоизбраната хрватска претседателка Колинда Грабар Китаровиќ побара од генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун да ги преземе сите мерки за враќање на Воислав Шешељ во притвор во Меѓународниот суд во Хаг и што е можно поскоро да се донесе пресуда за неговиот случај. Според неа со ослободувањето на Шешељ се поткопува целта, поради која Советот за безбедност го основа Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија.

Грабар Китаровиќ наведува и дека под околности, кои не се сосема јасни, Судот во ноември 2014 година го пуштил на привремена слобода Шешељ од „хуманатарни причини поради влошената здравствена состојба“.

“Меѓутоа Судот за привременото пуштање на слобода не му одреди услови, кои инаку се вообичани” вели таа.

Грабар Китаровиќ нагласува и дека од Шешељ не било побарано да се воздржи од јави настапи или ангажмани во политичкиот живот додека е на привремена слобода, како и дека тој не бил обврзан да се врати во Судот, кога тоа ќе биде побарано од него.

Шешељ е обвинет во 2003 година, судењето заврши во 2010 година, но досега не е донесена пресудата.

XS
SM
MD
LG