Достапни линкови

Номиниран министер во Авганистан баран од Интерпол


Авганистанскиот претседател Ашраф Гани го номинираше Мохамед Јакуб Хајдари за министер за земјоделство во новата влада на национално единство иако тој е на листата на Интерпол за даночно затајување во Естонија. Портпаролот на претседателот за Ројтерс денеска изјави дека кабинетот на Гани не бил свесен за тоа дека Хајдари е на листата на која се наведува дека 52- годишниот политичар е баран во Естонија за даночно затајување во случај од 2003 година. Портпаролот вели дека канцеларијата на Гани сега го испитува случајот. Хајдари вчера потврди дека е на листата на Интерпол, но инсистираше дека е невин.

XS
SM
MD
LG