Достапни линкови

Женева:Продолжуваат разговорите за нуклеарната програма на Иран


Во Женева во тек се преговорите меѓу Иран и шесте светски сили за нуклеарната програма на Техеран. Претставниците на Иран и на таканаречената П5+1 група во која се Кина, Франција, Русија, Обединетото Кралство,САД, плус Германија, пристигнаа во швајцарскиот град на еднодневен состанок. Делегации од Иран и од САД имаа разговор вчера во Женева во присуство на делегација од Европската унија.
Американските законодавци предложија воспоставување нови санкции против Иран ако не се постигне договор за нуклеарната програма на Техеран до 30 јуни. Но, американскиот претседател Барак Обама на 16 јануари побара од конгресот да се воздржи од воспоставување нови санкции, наведувајќи дека тој ќе стави вето на таквата одлука додека продолжуваат преговорите. Тие се посветени на ограничување на нуклеарната програма на Техеран, а во замена да се олеснат меѓународните санкции.

XS
SM
MD
LG