Достапни линкови

Во Грција спроведена антитерористичка рација


Грчката антитерористичка полиција уапси четири лица во Атина, додека во Белгија властите ја засилуваат безбедноста по акцијата спроведена во четвртокот во која полицијата уби двајца осомничени терористи. Грчката полиција денеска објави дека во рацијата во Атина четири лица биле уапсени, но извештаите дека еден од нив можеби бил поврзан со терористичка келија во Белгија се покажаа како неточни.
Белгиските власти се надеваа дека еден од приведените во Грција е 27 годишниот Абделхамид Абаоуд, жител на Брисел со мароканско потекло, за кој се верува дека бил лидер на терористичката келија во Белгија против која акција имаа тамошните власти.
Околу 300 војници вчера беа распоредени во Брисел и во неколку други градови за да помогнат во зачувување на безбедноста по акцијата на белгиската полиција спроведена на 15 јануари. Германската полиција во петокот уапси двајца мажи во Берлин осомичени за регрутирање борци и снабдување на фондови за бунтовничката група Исламска држава во Сирија.

XS
SM
MD
LG