Достапни линкови

Милиони луѓе ја следеа мисата на папата во Манила


Милиони луѓе денеска ја следат мисата на папата Франциск во Манила и покрај силниот дожд. Околу три милиони се собраа во паркот Ризал да го слушаат папата кој посвети дел од службата на жртвите од тајфунот кој во 2013 година ги погоди најсиромашните делови на Филипини. Во проповедта Франциск зборуваше и за децата за кои рече дека не треба да се дозволи да бидат осудени на живот на улиците. Организаторите очекуваа околу шест милиони луѓе да ја следат мисата на папата во Филипини, земја во која 80 милиони се католици.

XS
SM
MD
LG