Достапни линкови

logo-print

Исламска држава ослободи 350 Јазиди


Курдските воени власти соопштија дека во северен Ирак борците од Исламска држава ослободиле од заложништво најмалку 350 луѓе од малцинската група Јазиди. Поголемиот дел од ослободените се постари и болни, но има и деца со сериозни заболувања. Милитантите ги префрлиле заложниците од северниот град Тал Афар каде што беа држени во последниве пет месеци. Припадниците на Исламска држава ги нападнаа Јазидите во северен Ирак минатото лето при што убија или земаа во заложништво илјадници луѓе.
Групата, како што се јавува, била пуштена на слобода денеска во близина на курдскиот регионален главен град Ирбил.

XS
SM
MD
LG