Достапни линкови

Кривичен суд:Повиците за протести се притисок врз правосудството


Кривичниот суд сите реакции што се дадени во медиумите како и најразличните толкувања и шпекулации за сегашното и идното постапување на Судот ги отфрла како неосновани и законски непоткрепени и истовремено повиците на протест против одлуки на судска власт во било која истанца ги оценува како притисок врз правосудниот систем во една држава, во случајов Р. Македонија. Ова се наведува во соопштението испратено од Основниот суд Скопје 1, по реакциите за казната затвор од две години за новинарот Кежаровски, неговото приведување и најавите за протест пред Апелациониот суд во вторник. Судот нагласува и декана Кежаровски му е определена мерка куќен притвор поради опасност од бегство која е потврдена од Апелациониот суд и дека тој билопределен за да се обезбеди истиот за времетраење на жалбената постапка и во случај на потврдувањето на одлуката, да не се осуети издржувањето на казната.

“Во спротивно, доколку судот сметал дека не постојат основи за лицето да биде задржано во притвор и истото се бранело од слобода, по правосилност на пресудата постапката би се спроведувала согласно Законот за извршување на санкции, при што осудениот би имал можност да ги користи сите законски средства откако ќе му биде доставен упатен акт да бара одлагање од лични, семејни или здравствени причини. Но, секако по престанокот на овие причини, казната би била извршена, со што повторно ги отфрламе сите шпекулации искажани во текот на изминатите денови”се наведува во соопштението.

Во однос на случувањата од изминатите неколку дена поврзани со одлуката на Апелациониот суд за случајот познат како „Ликвидација“, Кривичниот суд во целост го поддржува соопштението на второстепениот суд, во кое целосно е објаснета постапката при одлучувањето по жалбите во предметот како и неоснованите притисоци кои се вршат врз судовите и целиот судски систем во континуитет во изминатиов период. Претходно и Апелациониот суд испрати слично соопштение.

XS
SM
MD
LG