Достапни линкови

logo-print

Авганистан:Уапсени пет лица осомничени за масакрот во Пакистан


Авганистанските безбедносни власти соопштија дека уапсиле пет лица осомничени дека го поддржале масакрот што се случи на 16 декември во училиште во Пакистан во кој загинаа 150 луѓе, речиси сите деца. Авганистанските власти денеска соопштија дека сите пет лица биле уапсени во овие неколку недели во близина на источната граница со Пакистан,откако Исламабад му дал информации на Кабул. Ниту еден од осомничени не е Авганистанец. Пакистанските талибанци ја преземаа одговорноста за масакрот наведувајќи дека тој бил одмазда за пакистанската воена офанзива во Северен Вазиристан која почна лани летото.

XS
SM
MD
LG