Достапни линкови

logo-print

Груевски: Посетата на Индија ги надмина нашите очекувања


Премиерот Никола Груевски ја оцени економско-политичката посета на Индија како повеќе од успешна поради големиот интерес што бил покажан одиндиските бизнисмени за можностите за инвестирање во Македонија како и презентацијата на македонската приказна во оваа земја. Тој додаде дека покрај редовните активности ималепрезентација и за нивни цели организирани економски самити.

“Во едната прилика имаше четири до пет илјадипретседатели на компании што е ретка можност да се изврши презентација пред толкав аудиториум, а во вторатаситуација имаше 1.700 и беше од голема корист. Се покажа голем интерес. Заземавме доста место иво медиумите во Индија. Се рашири приказната за Македонија, многу луѓе дојдоа да прашуваат. Со многу разговаравме, со некои веќе имавме почнато разговори па сега веќе ги финализиравме односно ги доведовме некаде при крај. Со некои сега започнавме”, рече Груевски.

XS
SM
MD
LG