Достапни линкови

Папата ја прекина посетата на Таклобан поради тајфун


Папата Франциско е во Манила откако бурата ја прекина неговата кратка посета на филипинскиот град Таклобан. Тој денеска помина само неколку часа во градот кој беше уништен од тајфун во 2013 година. Пред заминувањето одржа говор на отворено пред 150 илјади луѓе на дожд и силен ветер. Жена која волонтирала на собирот на папата како што се јавува загинала откако силниот ветер турнал скеле врз неа. Франциско треба да одржи миса во Манила утре која се очекува да ја следат шест милиони луѓе. Тоа може да биде најголем собир на папа во историјата.

XS
SM
MD
LG