Достапни линкови

Протести во Ингушетија поради карикатурите на Мухамед


Илјадници луѓе денеска маршираа во руската кавкаска република Ингушетија во знак на протест поради западните публикации кои го навредуваат пророкот Мухамед. Претседателот на Ингушетија Јунус Бек Јевкуров пред толпата рече дека објавувањето на навредувачки карикатури е резултат на државниот екстремизам во делови од некои западни земји. Слични протести се планираат во понеделник во Чеченија а тамошниот претседател Рамзан Кадиров рече дека на улиците ќе излезат околу 500 илјади луѓе. Руската влада изрази сочуство по терористичкиот напад во Париз на сатиричниот магазин Чарли Ебдо,а министерот за надворешни работи Сергеј Лавров учествуваше на солидарниот марш што се одржа во францускиот главен град пред неколку дена. Како и да е, државно контролираните медиуми во Русија и коментаторите на социјалните медиуми наведуваат дека жртвите го провоцирале нападот.

XS
SM
MD
LG