Достапни линкови

Несреќа во рудник на Урал


По тројца рудари се уште се трага откако во рудник за железо на планината Урал во Русија се случила екслозија, а потоа и пожар. Двајца други се однесени во болница по несреќата што се случи денеска. Властите соопштија дека 86 рудари успеале да избегаат од рудникот, а дека пожарот е изгаснат. Обвинителството соопшти дека отвориле истрага за можни прекршувања на одредбите за безбедност.


XS
SM
MD
LG