Достапни линкови

Турција ја покани Ерменија на историска церемонија


Турција го покани ерменскиот претседател Серж Саркисиан на церемониите со кои ќе се одбележи сто годишнината од воената кампања кај Галиполе за време на Првата светска војна. Весникот Хуриет јавува дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган пратил покани до повеќе од сто лидери меѓу кои и Саркисиан. Во 1915 и 1916 година отоманската војска го одбила нападот на сојузничките сили задржувајќи ја контролата над протокот Дарданели. Турските власти за весникот рекле дека се бореле заедно со ерменските сили и затоа го поканиле претседателот на соседната држава. Но на 24 април Ерменија ќе ја одбележи стогодишнината од масовното убиство врз Ерменците од отоманските Турци што се уште е причина за тензии меѓу двете земји. Ерменците бараат тоа да се признае како геноцид, нешто што Турците го одбиваат.

XS
SM
MD
LG