Достапни линкови

Киев демантира дека аеродромот во Донетск го преземале сепаратистите


Претставници на украинската влада ги отфрлаат извештаите во руските медиуми дека промосковски ориентираните сепаратисти целосно го заземале аеродромот во Донетск. Портпаролот на војската Андриј Лусенко денеска во Киев рече дека украинските сили продолжуваат да го држат тоа стратегиско место под своја контрола.Тој додаде дека сепаратистичките бунтовници вршеле напади и имале постојани сериозни загуби. Претходно денеска руските медиуми цитирајќи неименувани извори од бунтовнички сили јавија дека тие го преземале аеродромот во Донетск од украинската војска.

XS
SM
MD
LG