Достапни линкови

Белгија распоредува војници за зачувување на безбедноста


Властите во Белгија распоредуваат војници низ земјата за да ја одржат безбедноста, ден по акцијата врз исламистичка келија во кој загинаа двајца осомничени. Канцеларијата на премиерот Шарл Мишел денеска соопшти дека повеќе од 300 војници се распоредени во главниот град Брисел и во северниот град Анверс во кој живеат најмногу Евреи. Војници исто така е можно да бидат пратени и во Вервие каде што полицијата доцна во четвртокот ги уби двајцата осомничени терористи. Еден маж беше приведен во акцијата, но негираше вмешаност во каква било терористичка активност. По инцидентот белгиските безбедносни служби уапсија 13 луѓе во немирите низ земјата и подигнаа обвиненија против пет од нив за вкчученост во терористичка група. Полицијата соопшти дека неколку од притворените биле на боиштата во Сирија.


XS
SM
MD
LG