Достапни линкови

Иран побара политичка волја за напредок во нуклеарните разговори


Иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф рече дека е потребна политичка волја за да се постигне напредок во разговорите за иранската нуклеарна програма. Зариф се врати во Женева доцна вчера по разговороте во Париз со американскиот државен секретар Џон Кери и со францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабиус. Тој кажа и дека исто така телефонски разговарал со рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Ријабков а денеска ќе разговарал и со британскиот секретар за надворешни работи Филип Хамонд. Претставниците на Иран и САД ќе ги продолжат разговорите во Женева денеска во присуство на делегација на Европската унија, а тие се очекува да продолжат и утре.


XS
SM
MD
LG