Достапни линкови

logo-print

Еден киргистански граничар загина, двајца се повредени


Киргистанската гранична служба соопшти дека еден нејзин припадник е убиен, а двајца се повредени во напад на караула блиску до границата со Таџикистан. Портпаролот на службата Гулмира Борунбаева рече дека караулата била нападната доцна во ноќта.Двајцата повредени граничари се пренесени во болница во градот Исфана. Соопштено е и дека безбедноста на границата е подигната и оти се трага по напаѓачите. Многу делови од киргистанско-таџикистанската граница се уште не се одбележани и се случуваат инциденти најчесто поради несогласувања околу земјиштето меѓу локалното население од двете земји.

XS
SM
MD
LG