Достапни линкови

Сепаратистите тврдат дека го заземале аеродромот во Донетск


Руските медиуми повикувајќи се на портпароли на проруските сепаратистички борци во источна Украина јавуваат дека тие комплетно го преземале аеродромот во Донетск од украинските сили. Засега нема потврда од независни извори за ваквите јавувања. Агенцијата Интерфакс цитира анонимен сепаратистички извор кој наведува дека последните дваесетина украински војници биле присилени да го напуштат аеродромот за време на борбите синоќа. Во соопштението на Фејсбук страницата на украинското министерство за одбрана се наведува дека нивните војници биле гранатирани неколку пати во текот на ноќта.

XS
SM
MD
LG