Достапни линкови

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност која повеќе ќе биде застапена во западните делови од земјава. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од минус седум до нула, а дневната од пет до 14 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а претпладне со појава на утринска магла.

XS
SM
MD
LG