Достапни линкови

Два у кец


Стефан Богоев, претседател на СДММ, подмладокот на СДСМ.
Стефан Богоев, претседател на СДММ, подмладокот на СДСМ.

Кога веќе сега и студенти, професори, хонорарци, а од поодамна и стечајци, тутунари, земјоделци, кога сега сите вие осетивте на своја кожа што значи да ве заокружуваат, да ви се закануваат, да ве делат, да ве спинуваат и омаловажуваат, нешто што ние од опозицијата го осетивме многу порано и алармиравме, сега е дојдено време, сите ние обесправените, заокружените, спинуваните и омаловажуваните да се обединиме, пишува Стефан Богоев, претседател на СДММ, во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Можеби малку досадно, можеби малку клише, но и овојпат во мојата прва колумна оваа година, накратко ќе се обидам да доловам како ја завршивме 2014-та, а како ја почнуваме 2015-та. Да бидам искрен, под дејство на силните охрабрувачки емоции кои се уште ме држат, а се предизвикани од масовните студентски протести, под малку послабо влијание на постпразничната, каква- таква, еуфорија, која е зад нас, но и под малку посилно влијание од желбата за пресврт и промена оваа година, можеби на моменти оваа колумна ќе ви личи и малку конфузна и чудна.

Прво, силниот глас на студентите кој одекна од улиците на Скопје, Битола, Штип. Глас кој мојата генерација досега го немаше слушнато. Глас кој мотивира, глас кој охрабрува, глас кој одекнува во нашите глави и вели „Тука уште има надеж”.

Како и да е, 2014та е зад нас и заврши на еден убав и охрабрувачки начин! Односно две работи охрабруваат на крајот од минатата година.

Прво, силниот глас на студентите кој одекна од улиците на Скопје, Битола, Штип. Глас кој мојата генерација досега го немаше слушнато. Глас кој мотивира, глас кој охрабрува, глас кој одекнува во нашите глави и вели „Тука уште има надеж”. Се надевам дека и во новата 2015-та, овој глас ќе продолжи уште посилно да одекнува, да ни ги окупира мислите и да ги бојкотира злонамерниците, но се надевам и дека овој глас ќе биде разумен, но и на моменти лукав за навремено да лоцира кој е волкот во јагнешка кожа!

Втората работа која е охрабрувачка, а дојде спонтано со крајот на минатата година е следново: Скопје 2014-та заврши! Добро, имајќи во предвид со кого си имаме работа, нема да ме изненади и да продолжи, но психолошкиот момент е на наша страна, на страна на граѓаните. Симболиката да ја преточиме во пракса и навистина оваа година да ставиме крај на кичот, лоповлукот, невкусот и конечно, заедно со Скопје 2014-та да ги испратиме во минатото и (парафразирајќи еден вистински државник), понављачите, учените, а недоучени, вечните студенти кои лечат комплекси врз подобрите од себе во генерацијата, врз оние од кои препишувале и пред кои полагале испити. Тоа е наша цел, тоа е и наша должност оваа година.

Од друга страна пак, власта и нејзините седум џуџиња (самопрогласени новинари, експерти и политиколози), како ја завршија минатата, така ја почнуваат и оваа година. Проверено сценарио: контра пленуми, контра состаноци, контра иницијативи, контра на контрата и така контрање до недоглед. Се во служба на службата. Не за џабе некој рекол, „Дружба си е дружба, ама служба си е служба”, а кога на ова ќе додадеме и партија, ехеее...

Втората работа која е охрабрувачка, а дојде спонтано со крајот на минатата година е следново: Скопје 2014-та заврши! Добро, имајќи во предвид со кого си имаме работа, нема да ме изненади и да продолжи, но психолошкиот момент е на наша страна, на страна на граѓаните.

Дел од џуџињата на власта пак, новата 2015-та ја започнаа на најироничен и најбезобразен начин држејќи во рацете лист хартија на кој пишува “Je suis Charlie” или во превод „Јас сум Чарли”. Навистина силна порака по повод терористичките напади во Париз. Но, сепак не е се до пораката, туку уште повеќе до оној кој ја испраќа. Само да потсетам, не ги бев видел џуџињава своевремено да држат листови на кои пишува „И јас сум А1” или „Слобода за Кежаровски”. И во тие два случаи беа нападнати медиуми и беа уништени човечки животи. Ама нема врска, изгледа тогаш џуџињава копајќи во рудникот не слушнале за Кежо и за А1, па на крајот и им се исплатеше! Копајќи во рудникот на власта, Снежана го пронајде закопаното милионче.

Нејсе, шалата на страна, крајните резултати од ваквиот однос на власта оставаат трајни последници. Тие за својата цел се ќе направат, преку се ќе газат и се ќе поделат. Инфилтрираат, спинуваат, лажат. Делат однадвор, но најчесто делат и одвнатре (Студенти, ВНИМАВАЈТЕ!!!). Делеа во 2006-та, делеа во 2014-та, ќе продолжат да делат и во 2015-та! Освен... освен ако некој не им застане цврсто, обединето, синхронизирано и организирано на патот.

Е кога сме веќе кај застанувањето на патот, доаѓаме до мојата поента и до она што треба да го запамтите сите вие кои ми направивте чест и ја прочитавте колумнава. Кога веќе сега и студенти, професори, хонорарци, а од поодамна и стечајци, тутунари, земјоделци, кога сега сите вие осетивте на своја кожа што значи да ве заокружуваат, да ви се закануваат, да ве делат, да ве спинуваат и омаловажуваат, нешто што ние од опозицијата го осетивме многу порано и алармиравме, сега е дојдено време, сите ние обесправените, заокружените, спинуваните и омаловажуваните да се обединиме. Да бидеме сите заедно цврстиот бедем на навидум безгрижниот друм по кој чекори власта! И не, под ова не мислам сите да бидете СДСМ туку сите да бидеме свесни граѓани на оваа држава, граѓани кои се спремни да жртвуваат мал дел од никаквата сегашност, за да добијат еден малку поголем дел од убавата иднина. Иднина која на сите нас ни припаѓа, иднина во која нема да има место за „контра” било што, а ќе има доволно место за дебати, развој, критичка мисла и просперитет!

А што ќе прави СДММ во 2015-та година!? СДММ оваа година ќе продолжи уште по храбро и по решително во борбата за промени. Ќе бидеме партнер, а не противник на младите. Ќе предлагаме и креираме, а ќе прифаќаме и критика и сугестија. Едноставно, со искрена и чиста мисла и силна и нескротлива енергија, ние младите ќе ја одбележиме оваа пресвртна година!

XS
SM
MD
LG