Достапни линкови

ССНМ - Шокирани и згрозени од експресното спроведувањето на Кежаровски во затвор


Згрозени сме и шокирани од експресноста на македонското судство да го спроведат новинарот Томислав Кежаровски на отслужување на казната. Сведоци сме на многу профилирани личности кои со правосилни пресуди со месеци се на слобода. Пресудата за Кежаровски беше објавена вчера, а не поминаа ниту еден ден и веднаш е просецуирана со пресудителен акт и указа за во затвор и тој денеска е спроведен во затвор. Како новинари сме запрепастени и се прашуваме што толку е опасен Томислав Кежаровски? Зошто толку е опасно македонското новинарство да мора вака ноќе набрзина да биде затварано?“, изјави пред затворот во Шутка, Тамара Чаусидис, претседателка на новинарскиот синдикат, откако новинарот Томислав Кежаровски беше донесен во затворот во Шутка.

Членови на Синдикатот и други новинари пред истражниот затвор му изразуваат поддршка на својот колега. Еден ден откако Апелациониот суд ја соопшти пресудата дека му ја намалува затворската казна од 4,5 години на 2 години, полицијата дошла во домот на Кежаровски кој таму го издржуваше домашниот притвор и го пренесе во затворот во Шутка.

На Кежаровски му остануваат уште три месеци и десет дена за одлежување на казната.

Претходно денеска со листови во рацете на кои на повеќе јазици беше испишано „И јас сум Кежаровски“, новинарите денеска се собраа пред Апелациониот суд Скопје да го изразат незадоволството од вчерашната негова одлука новинарот да биде осуден на две години затвор.

Претседателот на Здружението на новинари, Насер Селмани, рече дека единствената правилна одлука на судот ќе беше ослободителна пресуда за Кежаровски, а не намалување на казната.

XS
SM
MD
LG