Достапни линкови

logo-print

Кежаровски спроведен во затворот во Шутка


Новинарот Томислав Кежаровски е донесен во затворот во Шутка. Пред истражниот затвор се наоѓаат новинари кои сакаат да му изразат поддршка на својот колега. Еден ден откако Апелациониот суд ја соопшти пресудата дека му ја намалува затворската казна од 4,5 години на 2 години, полицијата дошла во домот на Кежаровски кој таму го издржуваше домашниот притвор и го пренесе во затворот во Шутка.

На Кежаровски му остануваат уште три месеци и десет дена за одлежување на казната.

Претходно денеска со листови во рацете на кои на повеќе јазици беше испишано „И јас сум Кежаровски“, новинарите денеска се собраа пред Апелациониот суд Скопје да го изразат незадоволството од вчерашната негова одлука новинарот да биде осуден на две години затвор.

Претседателот на Здружението на новинари, Насер Селмани, рече дека единствената правилна одлука на судот ќе беше ослободителна пресуда за Кежаровски, а не намалување на казната.

XS
SM
MD
LG