Достапни линкови

logo-print

Трета средба Кери-Зариф за два дена


Американскиот државен секретар Џон Кери денеска во Париз се сретнал со неговиот ирански колега Џавад Зариф на разговори за нуклеарната програма на Техеран. Иранските медиуми објавија дека средбата траела околу еден час. Ова е трета средба меѓу двајцата министри во изминатите два дена. На 14 јануари, Кери и Зариф пет часа разговараа во Женева, по што направија пауза од час и половина и се вратија на изненадувачки втор состанок. Кери денеска допатува во Париз за да им одаде почит на убиените во минатонеделните терористички напади. Зариф денеска исто така се сретна и со францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус.

Иран и шесте светски сили си дадоа рок до 1 јули да постигнат конечен договор за ограничување на иранската нуклеарна програма во замена за укинување на западните санкции.

XS
SM
MD
LG