Достапни линкови

logo-print

Русија бара медиумите да не објавуваат карикатури на верски теми


Руската државна агенција за надзор над медиумите Роскомнадзор ги предупреди медиумите да не објавуваат карикатури поврзани со верски теми. Агенцијата денеска соопшти дека таквите слики може да ги прекршат руските медиумски закони за борба против „екстремистички активности“, ако се „навредливи или понижувачки“ за припадниците на различни вери и поттикнуваат „етнички и верски раздор“. Роскомнадзор пред три дена ги предупреди руските медиуми против „ширење секташки тензии во руското општество“ со реобјавувањето на карикатурите на Пророкот Мухамед од францускиот сатиричен весник Шарли Ебдо. Агенцијата ги охрабри руските медиуми да користат „други форми на солидарност“ со жртвите од минатонеделните крвави напади врз весникот во Париз.

XS
SM
MD
LG