Достапни линкови

Демократскиот сојуз побара анкетна комисија за Кежаровски


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Иницијатива за формирање Анкетна комисија во врска со случајот на новинарот Томислав Кежаровски, кој беше осуден на две години затвор за објавување податоци за заштитен сведок во предметот „Ликвидација“ поднесе денеска до Собранието пратеникот и претседател на Демократскиот сојуз Павле Трајанов. Со иницијативата се бара Анкетната комисија да ги собере сите релевантни информации и податоци за судскиот процес против новинарот Кежаровски и до Собранието да поднесе Извештај.

Во образложението се укажува дека заштитениот сведок се откажал од таквото својство, истапувајќи јавно со неговиот идентитет (Златко Арсовски), велејќи дека неговото првично сведочење било присилно изнудено од припадници на МВР.

XS
SM
MD
LG