Достапни линкови

Преселување на „болното“ казахстанско село


Казахстанските власти ветија дека ќе ги преселат жителите на едно село во близина на напуштен рудник за ураниум, каде што жителите се жалеа на халуцинации, поспаност и губење на меморијата. Гувернерот на регионот Акмола на северот на земјата, Сергеј Кулагин, денеска рече дека сите жители на селото Калачи ќе бидат преселени до мај годинава. Од 2013 година, околу 100 од 680 жители на селото се жалат на мистериозна „спијачка болест“ чија причина не е утврдена. Многумина од селаните веруваат дека болеста е поврзана со блискиот рудник за ураниум од советско време. Владата долго време се противи на нивните барања за релокација. Кулагин денеска рече дека осум семејства се веќе преселени и оти до крајот на јануари ќе бидат релоцирани уште 30.

XS
SM
MD
LG