Достапни линкови

Неизвесни мировните разговори за Украина


Неизвесни се плановите за разговори за окончување на конфликтот во источна Украина, поради борбите кои моментно се водат. Претставници на Украина, Русија, ОБСЕ и проруските сепаратисти се очекуваше да се сретнат денеска во Минск, но белоруското министерство за надворешни работи соопшти дека не може да потврди оти разговорите ќе се одржат.

Украинските власти во меѓувреме соопштија дека шестмина војници загинале, а 18 се ранети во изминативе 24 часа. Портпаролот на армијата, Андриј Лисенко, изјави дека владините сили одбиле неколку обиди на бунтовниците да ја преземат контролата врз терминал на уништениот аеродром во Доњецк. Бунтовниците употребувале артилерија и тенкови, но според украинските власт, не успале да ја преземат контролата врз објектот.

XS
SM
MD
LG