Достапни линкови

Заврши заложничката драма во Франција


Заврши заложничката драма во Франција. Полицијата соопшти дека вооружениот маж кој држеше заложници во пошта во близина на Париз е уапсен, а заложниците се ослободени. Полицијата претходно ја опколи областа во гратчето Коломб северозападно од Париз, а хеликоптер го надлетуваше просторот. Радиото РТЛ објави дека полицијата била во контакт со напаѓачот и оти тој немал конкретни барања. Полицијата соопшти дека нема информации за поврзаност со нападите извршени од исламистичките милитанти кои убија 17 луѓе минатата недела во Париз.

XS
SM
MD
LG