Достапни линкови

Кери - САД се солидаризираат со Франција


Американскиот државен секретар Џон Кери денеска во Париз изјави дека сите Американци чувствуваат „ужас и гадење“ поради „кукавичките и одвратни“ дела на исламистичките милитанти кои убија 17 луѓе во Париз минатата недела. Кери ја изрази американската солидарност со Франција во обраќање по средбата со францускиот претседател Франсоа Оланд и министерот за внатрешни работи Лорен Фабиус.

Кери прво зборуваше на англиски, а подоцна и на француски јазик во градската сала во Париз.

Тој рече дека христијаните, муслиманите и другите, „сите се во истиот брод“ и оти мора заедно да излезат од оваа криза.

Во меѓувреме, 12 осомничени ноќеска биле уапсени во регионот на Париз, поради „можна логистичка поддршка“ што можеби им ја давале на напаѓачите од минатата недела, особено оружје и возила.

Американската администрација се соочи со критицизам поради тоа што испрати релативно ниско-рангирани претставници на маршот на 11 јануари во Париз, на кој присуствуваа повеќе од еден милион луѓе и десетици светски лидери во знак на поддршка за слободата на говор.

XS
SM
MD
LG