Достапни линкови

Нова заложничка драма во Париз


Илустрација.

Илустрација.

Француската полиција соопшти дека вооружен маж држи двајца заложници во пошта во близина на Париз. Полицијата ја опколила областа во гратчето Коломб северозападно од Париз, а хеликоптер го надлетува просторот. Радиото РТЛ објави дека човекот тврди дека е вооружен со автоматска пушка калашников, пиштол, бомби и оти држи тројца заложници. Радиото објави дека полицијата е во контакт со напаѓачот и оти тој немал конкретни барања. Полицијата соопшти дека нема информации за поврзаност со нападите извршени од исламистичките милитанти кои убија 17 луѓе минатата недела во Париз.

XS
SM
MD
LG