Достапни линкови

Средба Кери-Зариф во Париз


Иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф изјави дека денеска ќе се сретне со неговиот американски колега Џон Кери во Париз со кого ќе разговара за нуклеарната програма на Техеран. Тој ова го изјави во Женева, кратко пред заминувањето за Париз. Зариф рече дека ќе се сретне и со францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус со кого ќе разговара за билатерални и регионални прашања, како и за екстремизмот и исламофобијата.

Кери е во Париз за да им оддаде почит на жртвите од минатонеделниот терористички напад од исламистичките милитанти.

Пред два дена во Женева, Кери и Зариф разговараа повеќе од пет часа. По оваа нивна средба, вчера почнаа билатерални разговори меѓу делегации од двете земји во пресрет на преговорите меѓу Иран и шесте светски сили за нуклеарната програма на Техеран кои треба да се одржат на 18 јануари во Техеран.

Крајниот рок за постигнување конечен договор за ограничување на иранската нуклеарна програма во замена за укинување на западните санкции е 1 јули.

XS
SM
MD
LG