Достапни линкови

Демонстрации во Пакистан против карикатури на Пророкот Мухамед


Демонстрации се одржуваат ширум Пакистан во знак на протест против објавувањето на карикатурата на Пророкот Мухамед на насловната страница на францускиот магазин Шарли Ебдо.

Најмалку тројца луѓе денеска биле повредени во судирите меѓу демонстрантите и полицијата пред францускиот конзулат во Карачи. Најголем дел од демонстрантите се студенти поврзани со партијата Џамаат е ислами.

Долниот дом на пакистанскиот парламент вчера донесе резолуција со која се осудува објавувањето на карикатурата на Пророкот Мухамед во францускиот весник.

XS
SM
MD
LG