Достапни линкови

Свеченост за завршувањето на мисијата ИСАФ


Во Домот на АРМ денеска свечено ќе биде одбележано завршувањето на мисијата ИСАФ во Авганистан и учеството на Армијата на Република Македонија. На свеченоста ќе се обратат министерот за одбрана Зоран Јолевски, началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески, и амбасадорите на САД и на Турција во Македонија. АРМ учествува во мисијата ИСАФ во Авганистан од 2002 година. Во период од 12 години во оваа мисија учествуваа над 2.700 припадници на АРМ.

XS
SM
MD
LG