Достапни линкови

Руски критики за филмот „Левијатан“ кој е кандидиран за Оскар


Рускиот министер за култура Владимир Медински оцени дека авторите на филмот „Левијатан“ кој е номиниран за Оскар го злоупотребиле антируското расположение со цел да добиваат меѓународни признанија. Тој смета дека мрачната филмска приказна за руски граѓанин кој се бори против корупцијата можела да се случува и во Соединетите држави, Франција или Италија. „Во таков случај тешко дека авторите би добивале престижни западни награди“, изјави Медински, додавајќи дека филмот бил крајно опортунистички. „Левијатан“ доби Златен глобус за најдобар странски филм и е номиниран за Оскар.

XS
SM
MD
LG