Достапни линкови

Реакција за одлуката на апелацијата за казната на Кежаровски


Здружението на новинарите на Македонија, Новинарскиот синдикат и Иницијативниот одбор денеска пред Апелацискиот суд во Скопје, како што е најавено, ќе го искажат револтот за новата судска одлука за новинарот Томислав Кежаровски. Апелацијата по одржаната јавна седница за случајот „Ликвидација“ соопшти дека генерално ја потврдува првостепената пресуда, но оти им се намалуваат казните на неколкумина обвинети меѓу кои и новинарот Кежаровски на кој казната затвор од четири му се намалува на две години. Тој е осуден за откривањеидентитет на заштитен сведок.

XS
SM
MD
LG