Достапни линкови

logo-print

Обама и Меркел разговарале за ситуацијата во Украина


Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Барак Обама и германскиот канцелар Ангела Меркел телефонски разговарале за ескалацијата на насилствата во источна Украина. Притоа тие ја потенцирале неопходноста од мирно решавање на конфликтот меѓу проруските сепаратисти и украинските сили. До ова дојде откако бунтовниците објавија дека го освоиле аеродромот во Доњецк, град кој во поголем дел се наоѓа под нивна контрола. Во меѓувреме украинската армија соопшти дека се уште ги држи своите позиции на аеродромот.

XS
SM
MD
LG