Достапни линкови

Во Белгија убиени двајца терористи


Сојузното белгиско обвинителство соопшти дека во антитерористичка операција во градот Вервие синоќа биле убиени двајца исламски милитанти, а еден бил ранет и уапсен. Намерата на терористите била со огнено оружје да ја нападнат полициската станица во градот. Слична полициска акција била спроведена и во едно предградие на Брисел каде што исламските милитанти исто така подготвувале напад врз полициски станици. Со тоа, како што наведуваат белгиските власти, била разбиена терористичка ќелија од десетина луѓе, од кои некои неодамна се вратиле од Сирија. Белгискиот премиер Шарл Мишел изјави дека полициската акција ја покажува решеноста на белгиските власти да се борат против тероризмот.

XS
SM
MD
LG