Достапни линкови

logo-print

Ерменија ќе бара од Русија сама да му суди на рускиот војник-убиец


Протест на граѓаните пред обвинителството во Гјурми.

Протест на граѓаните пред обвинителството во Гјурми.

Јавниот обвинител од Гјурми, Геворк Костаниан, пред голема група демонстранти денеска изјави дека ќе побара од Русија да го испорача војникот осомничен за убиството на шестмина цивили во близина на руската воена база во градот Гјурми во Ерменија. Демонстрантите се собраа пред обвинителството после погребот на убиените. Властите велат дека 19-годишниот руски војник Валериј Пермјаков го признал убиството. Претходно, Костаниан рече дека руските власти ќе го процесуираат случајот.

На погребот на жртвите, меѓу кои има и двегодишно девојче, присуствуваа стотици луѓе, меѓу кои и познати политичари.

Демонстрантите во Ереван денеска се судрија со полицијата која ги спречи да го запалат руското знаме пред руската амбасада во градот.

XS
SM
MD
LG