Достапни линкови

logo-print

СДСМ: Ќе го укинеме екстерното тестирање


Илустрација.

Илустрација.

СДСМ денеска оцени дека донесените измени на Законот за високо образование и воведувањето на државниот испит за студентите го загрозува уставно загарантираното право на студирање и претставува упад во автономијата на универзитетите. Според нив, целта на измените не било да се подобри квалитетот на високото образование, туку да се уништи образованието во целина. СДСМ најави дека кога ќе дојде на власт ќе го укине екстерното тестирање, и во средните училишта и на факултетите и ќе бара одговорност.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ, пак, реагира дека СДСМсоздава вештачка тензија за да спречи суштински реформи за подобрување на образовниот систем. Јавноста, а особено професорите и студентите, сфатија дека овие реформи се со намера да го издигнат нашиот систем на ниво на европскиот, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.

XS
SM
MD
LG