Достапни линкови

ЕУ со план за промена на политиката на Русија кон Украина


Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини.

Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини.

Кабинетот на шефицата за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, ги објави новите можни чекори кои ќе „предизвикаат промена на политиката на Русија“ во однос на конфликтот во Украина, вклучувајќи и можна соработка со Евроазиската економска унија. За документот со предлозите, во кој РСЕ имаше увид, министрите за надворешни работи на земјите членки треба да разговараат на 19 јануари. Се предлага поголема надворешно-политичка соработка за Сирија, Иран, Ирак и Либија, како и продолжување на преговорите за визите со Москва, нов политички договор меѓу ЕУ и Русија и окончување на суспензијата за размена на студенти. Во документот се наведува дека предлозите треба да бидат тесно поврзани со целосна имплементација на договорот за прекин на огнот од Минск заради окончување на конфликтот меѓу украинските сили и проруските сепаратисти во источна Украина.

XS
SM
MD
LG