Достапни линкови

logo-print

Апелација пресуди две години затвор за Кежаровски


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Новинарот Томислав Кежаровски е осуден на две години затвор за откривање идентитет на заштитен сведок, пресуди Апелациониот суд Скопје. Пресудата попладнево е испратена во Основниот суд Скопје 1. Апелација за повеќе од двојно му ја намали првостепената пресуда со која Кежаровски беше казнет на четири и пол години затвор. Тој е во притвор веќе една година и девет месеци. Апелација ги намали казните и на петмина други осудени во случајот Ликвидација.

XS
SM
MD
LG