Достапни линкови

Напад со беспилотно летало во Пакистан


Илустрација.

Илустрација.

Најмалку петмина милитанти се убиени, а тројца ранети во американски напад со беспилотно летало во северозападен Пакистан во близина на границата со Авганистан. Пакистански разузнавачки извори велат дека цел на денешниот напад бил талибански комплекс во Јужен Вазиристан. Оваа област со години е упориште на Ал Каеда и на талибанските милитанти.

Пакистанската армија соопшти дека убила повеќе од 1500 милитанти, а загубила 125 војници откако ја почна антиталибанската офанзива во Северен Вазиристан во јуни минатата година. Армијата и провладините паравоени единици ги засилија нападите врз позициите на милитантите по минатомесечниот масакр во училиште во Пешавар, каде што талибанците убија околу 150 деца.

XS
SM
MD
LG