Достапни линкови

САД го олабавуваат ембаргото против Куба


Американските власти денеска најавија нови закони со кои се олабавува ембаргото кон Куба со што се зголемуваат можностите за трговија и патување на американските државјани. Според новиот закон, веќе не е потребна генерална лиценца за патување на Куба, но генералната забрана за туристичка патувања останува на сила. Новите регулативи исто така дозволуваат во Куба да се користат американските кредитни и дебитни картички издадени од банки со седиште во САД. На американските компании исто така им се дозволува да извезуваат мобилни телефони, телевизори, компјутери и друга електроника на островот кој има проблеми со слабата комуникациска инфраструктура.

XS
SM
MD
LG