Достапни линкови

Можна средба Кери-Зариф утре во Париз


Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека можеби ќе се сретне со иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф утре во Париз, но оти сè уште нема конечна одлука за тоа. Тој ова го рече денеска во Бугарија, каде што пристигна по вчерашните неколкучасовни разговори за иранската нуклеарна програма со Зариф во Женева. Денеска во Женева почнуваат билатерални разговори меѓу САД и Иран на пониско ниво, а на 18 јануари се одржува состанок меѓу Иран и претставници на шесте светски сили за нуклеарната програма на Техеран.

XS
SM
MD
LG